rituals-hero

Ритуали

Изберете некоја од услугите подолу за комплетен опис и цени.

АЈУРВЕДА МАСАЖА

Традиционална индиска длабока релаксирачка масажа која се изведува по специјален протокол. Ги потхранува ткивата и клетките, ја ослободува напнатоста во мускулите, поттикнува хранење на нервниот систем и ослободување на мислите.

РОМАНТИЧЕН РИТУАЛ

Ако сакате интимна атмосфера и време само за вас двајцата, романтичниот ритуал е вистинското нешто што треба да го изберете. Ритуалот започнува со џакузи и соодветен чај којшто дополнително ќе ве опушти и потоа продолжува со масажа за двајцата, извршени од вештите раце на нашите специјалисти.

ЛОМИ ЛОМИ – ЕГЗОТИЧЕН РИТУАЛ

Ломи ломи е хавајска масажа со неа се постигнува полна релаксација на мозокот, за да може комплетно да се опуштите и да уживате 50 минути додека истовремено се масираат две различни зони на телото на пример: раце и грб или грб и нозе, целта е да се збуни мозокот за да може да престане со процесот на мислење и да се посвети само на чувството создадено од допирот на терапевтот. После тоа ритуалот продолжува со масажа на лице, каде што се зголемува протокот на крв и така се намалува можноста за создавање на брчки и истовремено се чувствувате како да лебдите. Ритуалот завршува со рефлексотерапија на стапалата , после долгиот изморувачки ден , ние ќе се погрижиме за 100 минути да избегате со мислите далеку од секојдневната реалност.

ВИП РОМАНТИЧЕН РИТУАЛ

Целиот спа простор ќе биде изнајмен само од вас за повеќе од два часа, каде што ќе почувствувате една интимна атмосфера и ќе може да се опуштите во сауна, парна бања и џакузи, каде што ќе бидете изненадени од магичната романтична декорација, пропратена со шише шампањ или вино и овошје и чоколади. Крајот на прекрасното патување ќе биде крунисан со арома масажа за двајцата.

ХАНЈА РИТУАЛ

Ритуалот започнува со слатко солен пилинг на цело тело, потоа следува ритуална ханја масажа за балансирање на енергијата во Вашето тело и ум и завршува со специјален третман на лице.

Сакате да дознаете повеќе?

Edem Wellness нуди разновидни услуги.

Кликнете на копчето подолу за да добиете целосни информации и цени.

Едем Контакт