ТРЕТМАНИ

Изберете некоја од услугите подолу за комплетен опис и цени.

МАСКА СО ВУЛКАНСКА ГЛИНА

Глината е природен детоксификатор, има голема моќ на апсорпција – ги врзува, впива и исфрла нечистотиите од телото. Чисти од акни и митесери, смирува воспалителни процеси на кожата, и е корисна за нејзина заштита бидејќи е богата со есенцијални минерали.

30 мин./ 900 ден.

МАСКА ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ

Оваа маска се користи за затегнување на кожата, после бременост или после драстично ослабнување.

30 мин./ 900 ден.

ЧОКОЛАДНА МАСКА

Чоколадната маска ќе ја нахрани, обнови и освежи вашата кожа поттикнувајќи го производството на природниот колаген и еластин со што се заштитува и обновува структурата на кожата. Таа има и лифтинг ефект со што посебно се препорачува за сува и уморна кожа.

30 мин./ 900 ден.

ПИЛИНГ НА ТЕЛО

Со пилингот се отстрануваат мртвите клетки од кожата, што придонесува за нејзина нежност и кадифен изглед. Се препорачува пред третирање на кожата со погоре наведените маски за постигнување на одличен ефект. Чоколаден пилинг, пилинг со сол од мртво море, пилинг со семки од грозје, бадемов пилинг и пилинг со органски билки.

30 мин./ 900 ден.

ХИДРАТАНТЕН ТРЕТМАН НА ЛИЦЕ

Наменет е за сува и нормална кожа. Започнува со чистење на лицето со млеко и тоник за освежување. Потоа се отстрануваат мртвите клетки со помош на пилинг, продолжува со 20 минутна масажа на лице, врат и деколте, со што се забрзува крвотокот. На тој начин клетките се заситуваат со кислород, а кожата добива свежина и блесок. Ефектот се надополнува со кислородна маска и серум за длабинска хидратација. Третманот завршува со апликација на специјална крема која содржи супстанции што се ослободуваат и ги уништуваат слободните радикали.

50 мин./ 1100 ден.

TРЕТМАН ЗА МАСНА КОЖА

Третманот е наменет за масна и проблематична кожа со акни. Започнува со чистење на лицето со млеко и тоник за освежување, продолжува со 20 мин. масажа на лице, врат и деколте. Третманот завршува со нанесување на маска од глина која дава видливи резултати после првиот третман.

50 мин./ 900 ден.

TРЕТМАН ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

Овој третман се препорачува за дами што сакаат да ги намалат веќе постоечките и превентивно да се заштитат од појава на брчки. Се започнува со чистење на лицето, пилинг, маска за хидратација, anti-age масажа на лице, серум против стареење со колаген и завршен крем против стареење.

50 мин./ 1300 ден.

ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕ

Класичен третман за отстранување на мртвите клетки, и нечистотии од лицето, кој започнува со парење на лицето, продолжува со пилинг, потоа со рачна екстракција на комедони, маска со смирувачки ефект и завршува со масажа на лице со органски крем за блескав финиш.

50 мин./ 1100 ден.

МАСАЖА НА ЛИЦЕ И СКАЛП

Фацијалната масажа е одлична за ослободување од стресот, тензијата и заморот, и прави да се чувствувате релаксирано и здраво. Таа носи големи придобивки за изгледот на вашето лице, бидејќи ја стимулира циркулацијата на крвта, ослободува од напнатост и значително ја намалува појавата на брчки. Лицето ќе ви изгледа помазно и посвежо, а вие ќе се чувствувате многу порелаксирано.

30 мин./ 800 ден.

САКАТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ?

Edem Wellness нуди разновидни услуги. Кликнете на копчето подолу за да добиете целосни информации и цени.

Контакт