massage-hero

Масажи

Изберете некоја од услугите подолу за комплетен опис и цени.

Класична масажа

Класичната масажа ги ублажува стресот и напнатоста, ја подобрува циркулацијата, му помага на телото полесно да ги исфрли токсините од кожата и добро влијае врз работата на дигестивниот тракт. Масажата овозможува да се чувствуваме пријатно, Ви влева самодоверба!

Релакс масажа

Вистинска комбинацијата од релаксирачка масажа и опуштање на телото, благотворно делува на намалување на болките и стресот, истовремено ја подобрува циркулацијата и Ви ја враќа позитивната енергија.

МЕДИЦИНСКА МАСАЖА

Се применува за нормализирање на функциите на заболените органи и системи, при болки во рбетот, зглобовите, горните и долните екстремитети, спортски повреди, проблеми од невролошки карактер (парези, парализи, зголемен спазам на мускулатурата, екстрапирамидни симптоми), состојби после операции на срцето и друг вид операции, анемичност и општа омалаксаност, психолошки проблеми (неврози, депресии) и други состојби со нарушен баланс на организмот.

СПОРТСКА МАСАЖА

Динамична и силна масажа за лица кои активно спортуваат и се со цврста и јака мускулатура. Не се разликува од класичната, освен со интензитетот на масирањето. Поради својата енергичност, најчесто се користи за јаките и хипертрофични мускули, а ефектот е релаксација на истите и намалување на млечната киселина.

АРОМАТЕРАПИЈА

Ароматерапијата е уметност каде што се применуваат есенцијални етерични масла кои помешани со масла за масажа треба да го постигнат саканиот ефект на потполно опуштање на телото. Оваа лесна ритмична масажа е услов за антистрес и опуштање, за враќање на природната хармонија на духот и телото. Етеричните масла допринесуваат за дополнително освежување и потполно опуштање од секојдневните проблеми, со што ќе поминете еден незаборавен момент од вашиот живот.

ДЛАБОКА АРОМА МАСАЖА СО СВЕЌА

Огнот на свеќите ги изразува четирите есенции, споредени со четирите елементи на природата. На телото и умот постојано му се потребни најразлични стимулатори како чистината на водата, свежината на воздухот, сензуалната топлина на огнот и моќта на земјата. Оваа масажа ќе ве внесе во едно прекрасно доживување.

ЧОКОЛАДНА МАСАЖА

Чоколадото е извор на среќа и е богато со позитивни ефекти. Содржи антиоксиданти и активни состојки кои имаат позитивен ефект врз целиот организам: какао путерот е за мекост и против стареење; минералните соли за тонизирање; танинот за слабеење. Тоа е алкалоид кој помага во создавањето на ендорфин, супстанца која ја зголемува активноста на серотонин-неуротрансмитер на смиреност и добро расположение.

ВУЛКАНСКА МАСАЖА

Ако Ви недостасува енергија, ова е специјална масажа при што се употребуваат мазни, загреани вулкански камења кои имаат моќ и способност да апсорбираат топлина, и имаат стимулирачко и релаксирачко дејство. Топлите вулкански камења се поставуваатна енергетските точки со што се постигнува рамнотежа во организмот, а топлината која се пренесува преку масажа, му помага на организмот да се ослободи од негативната енергија и напнатоста (кои се причинители на многу болести), и дава чувство на релаксација и хармонија.

МАСАЖА СО ВУЛКАНСКИ КАМЕЊА И КОКОСОВО МАСЛО

Антистрес релаксирачка масажа со топли вулкански камења (објаснето во Масажа со вулкански камења) и додаток органско кокосово масло за максимален ефект.

РИМСКА МАСАЖА

Лековитите сили на медот се познати уште пред илјадници години. Во минатото се користел како храна и лек, а познати убавици меѓу кои и Клеопатра, го користеле како средство за разубавување. Масажата со мед го тонизира целиот организам, помага при главоболки, несоница, депресија, артроза, белодробни и црнодробни болести, хроничен умор и справување со стресот.

АНТИЦЕЛУЛИТНА МАСАЖА

Оваа масажа има посебна техника на работа со која се овозможува ослободување на заробениот (наталожен) целулит, помага во неговото брзо елиминирање, се подобрува микроциркулацијата на поткожното потпорно ткиво, лимфниот и крвниот проток. Од многугодишното искуство докажано е дека рачната антицелулитна масажа е доста ефективен третман со сигурни и долготрајни резултати. Жените кои практикуваат годишно по една или две серии од по минимум десет третмани со оваа масажа имаат значително помал проблем или воопшто го немаат целулитот.

РАЧНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Нејзина намена е да се подобри лимфниот систем, да се овозможи полесно исфрлање на токсините од телото, и најважно од се што допринесува за полесно слабеење и отстранување на целулитот. Оваа техника многу добро влијае при отеченост на нозете, при различни повреди и во периодите после операции. Сите движења се изведуваат нежно по телото во близина на лимфните јазли.

ПРЕНАТАЛНА МАСАЖА – МАСАЖА ЗА ТРУДНИЦИ

Комбинација на масажни техники, кои ги отстрануваат психо-физичките последици, типично оптоварување за трудниците и младите мајки. Смирува, опушта и урамнотежува.

РЕФЛЕКСОЛОГИЈА

Рефлексологијата или зона терапијата e масажа со притисок на стапалата, која има цел да постигне благопријатно дејство на останатите делови на телото. Таа го намалува или отстранува стресот, напнатоста и болката во телото.

ТРЕТМАН ЗА ДЕЦА

Овој третман е со цел да се овозможи подобар и здрав раст и развој кај децата. Пристапот е индивидуален и адаптиран на потребите и проблемите кај секое дете. Третманите кои ги применуваме кај децата се: масажна терапија, невроструктурна интеграција, акупресурна терапија, хармонизирачки техники, рефлексна масажа на стапалата и кинезитерапија. Може да содржи само една техника, од горенаведените или комбинација на повеќе од нив.

Сакате да дознаете повеќе?

Edem Wellness нуди разновидни услуги.

Кликнете на копчето подолу за да добиете целосни информации и цени.

Едем Контакт