spa-hero

Спа и Велнес

Изберете некоја од услугите подолу за комплетен опис и цени.

САУНА

Главна цел е уживање, опуштање и потење. Температурата најчесто варира од 60 до 120 степени, најчесто користена температура е 85 степени, за сите оние кои првапат влегуваат во сауна препорачлива температура е 60 степени.
Потењето поттикнува циркулација на крвта, чистење на разни нечистотии, масти и бактерии, го забрзува и подобрува формирањето на нови клетки на кожата, така таа е помека и појака. Помага во борбата против акни, груба и сува кожа и влијае врз намалување на целулитот. Изложувањето од ладно на топло и обратно го зајакнува сврзаното ткиво и го поттикнува исфрлањето на вишокот на флуиди и штетни материи од ткивото. Сауната е успешна алатка за губење на тежината во комбинација со ЕДЕМ диета, бидејќи после секој третман апетитот опаѓа.

ПАРНА БАЊА

Парната бања е погодна за ревитализација на дишните патишта. Водената пареа ги влажни и чисти дишните патишта, ги отвора порите на кожата и има позитивно детоксификациско дејство, го подобрува имунитетот и на телото му дава дополнителна енергија. Температурата од 45 целзиусови степени со повисока влажност има идеално влијание на кожата и делува на опуштање на мускулите. Оваа бања е еден од подобрите методи во борбата со стресот, овозможувајќи чувство на длабоко телесно и ментално опуштање.

ЏАКУЗИ

Џакузито е совршеното место како за ментална, така и за физичка релаксација. Силната хидро-масажа комбинирана со хромотерапија помага при опуштање на мускулите и отстранување на стресот. Топлата вода и водената масажа ги прошируваат крвните садови со што ја зголемуваат температурата на телото и ја подобруваат циркулацијата.

РОМАНТИЧНО ЏАКУЗИ

Џакузито е совршеното место како за ментална, така и за физичка релаксација. Силната хидро-масажа комбинирана со хромотерапија помага при опуштање на мускулите и отстранување на стресот. Топлата вода и водената масажа ги прошируваат крвните садови со што ја зголемуваат температурата на телото и ја подобруваат циркулацијата.

Сакате да дознаете повеќе?

Edem Wellness нуди разновидни услуги.

Кликнете на копчето подолу за да добиете целосни информации и цени.

Едем Контакт