КИНЕЗИТЕРАПИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Oсновната цел на лекувањето со кинезитерапија и рехабилитација е целосно или делумно враќање на функционалноста на пациентот за извршување на секојдневните домашни и работни активности со што ќе се зголеми неговиот придонес во семејството и општеството.
РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СПОРТСКИ ПОВРЕДИ
РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ОРТОПЕДИЈА
РЕХАБИЛИТАЦИЈА КАЈ РЕВМАТОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА
РЕХАБИЛИТАЦИЈА ПРИ НЕВРОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА
ПРАВИЛЕН РАСТ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА
Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформитети. Наследниот фактор и лошото држење на телото, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на деформитети.
Корективната гимнастика се состои од специјални вежби прилагодени за секое дете, при што се јакнат одредени мускулни групи, зафатени од деформитетот, со што се врши негова корекција. Најчести деформитети кои се јавуваат кај најмладата популација се оние на ’рбетниот столб (сколиози, кифози и лордози), како и рамните стапала кај децата.
ВАКУУМ ТЕРАПИЈА (CUPPING – ВЕНДУЗИ)
Вид на терапија со помош на која се потпомага во севкупниот изглед на телото, намалување на целулитот, настинки, бронхитис и пневмонија. Медицински ефект на оваа масажа се постигнува со помош на вакум кој врши локално вшмукување на крв и лимфа во кожа од поткожното ткиво со што се напрегнува рефлексното влијаније на крвните садови во внатрешните органи. Во почетоците на вакуум масажите се применувале специјални стаклени чаши т.н. вендузи, меѓутоа тоа е заменето со софистицирани апарати, со кои се добиваат подобри резултати.
АКУПРЕСУРА
Древен начин на лечење кој функционира со притискање на одредени точки на енергетските меридијани, со што се остварува правилен проток на енергијата во нашето тело.
МАНУЕЛНА ТЕРАПИЈА
Мануелната терапија е во водечката позиција во модерната физиотерапија кога станува збор за повикување на болката на зглобните контрактури. Со овој вид на масажа се одржува флексибилност, подвижност и цврстина на параартикуларните меки ткива.
МАНИПУЛАТИВНА ТЕРАПИЈА (КИРОПРАКТИКА, ЈУМЕЈКО)
Систем на комплементарна медицина заснован на дијагноза и манипулативен третман на неусогласеност на зглобовите, особено оние на ‘рбетниот столб, кои можат да предизвикаат други нарушувања преку зафаќање на нервите, мускулите и органите
РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ТРЕТМАН – 1 (30 мин.)
Рехабилитацијата е насочена кон решавање на физичкиот дефицит и нарушената функција како и решавање на социјалните и психолошки проблеми. Ефективноста на медицинската рехабилитација е заснована врз повторно воспоставување на функцијата т.е. интегритетот на телото; компензација или надомест на загубената функција
РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ТРЕТМАН – 2 (45 мин.)
Рехабилитацијата е насочена кон решавање на физичкиот дефицит и нарушената функција како и решавање на социјалните и психолошки проблеми. Ефективноста на медицинската рехабилитација е заснована врз повторно воспоставување на функцијата т.е. интегритетот на телото; компензација или надомест на загубената функција
Сакате да дознаете повеќе?
Edem Wellness нуди разновидни услуги.
Кликнете на копчето подолу за да добиете целосни информации и цени.
Едем Контакт