Кои обувки се најздрави за детското стапало?

Носењето на несоодветни обувки во детството може да влијае на правилниот развој на стапалото како и на целокупното здравје на детето.

Најновите истражувања на експертите за стапала и педијатрите укажуваат дека најздрави обувки за децата се новиот концепт на изработка наречен “barefoot” (боси стапала). Обувки кои им дават слобода на стапалата, се чувствувате како да одите боси но сепак заштитени. Со овие обувки стапала не само што се поздрави и посилни туку се подобрува и целото телесно држење.

Обичните обувки на познатите фирми како Најк, Адидас, Пума и сите останати ја ограничуваат слободата на стапалата: премногу се тесни кај прстите, имат крут и висок ѓон, високо се подигнати кај петата.

Со тоа децата се изложени на ризик да развијат некој деформитет како: спуштени стапала, премногу високи стапла, hallux valgus (искривување на палецот), канџесто стапало и т.н.

Новиот начин на производство познат како barefoot (боси стапала) е најздрав начин за производство на обувки а клучни карактеристики на истите се следниве:

  • Анатомски обликуван широк простор кај прстите.

Обувката има доволно простор за големиот палец за да не се турка во насока на другите прсти. Палецот е слободен и служи како стабилизатор на стапалото, а при одење го зајакнува и внатрешниот свод. Оваа слобода на прстите го претпазува стапалото од развивање на hallux valgus деформитет односно искривување на палецот.

  • Тенок и флексибилен ѓон во секоја насока.

Благодарение на ваквиот ѓон стапалото и прстите имат целосен опсег на движење и целото стапало ја осеќа површината на која одиме. Како и секоја друга мускулна група во телото, мускулите на нашите стапала имаат потреба од активно ангажирање, вежбање, истегнување, за да можат правилно да ја исполнат својата функција: Да бидат темел на целиот мускулно-скелетен систем.

  • Без подигната пета и подигнат палец (нулта пад).

Центарот на гравитација е на точната позиција а со тоа се остварува правилно телесно држење.

За споредба обичните обувки имат подигната пета, центарот на гравитација се менува напред а со тоа телото и карлицата компензираат и се создава лошо држење и деформитети како: кифоза, лордоза и сколиоза. Со нарушување на центарот на гравитација се нарушува и нормалното функционирање на дијафрагмата а со тоа и проблеми во дишењето.

  • Без премногу подигнат дел за внатрешниот свод.

Внатрешниот свод на овој начин може да добие сила и да работи сам по себе.

Кога бираме обувки треба да ги имаме на ум овие карактеристики на “barefoot” (боси стапала) обувките кои им даваат здравје на стапалата на децата.

Да не одбираме обувки кои се само модерни и лични, за сметка на здравјето на децата.

Доколку вашите деца имат некаков деформитет или се сомневате во можен деформитет, може да направите преглед во нашиот Едем Велнес Центар 072 229 299, а доколку сакате да почнете со користење на берфут обувки, нарачајте од нашата веб продавница www.zdravistapala.mk или некоја од нашите специјализирани страни на социјалните мрежи фејсбук или инстаграм со назив Zdravi Stapala.