РИТУАЛИ
Изберете некоја од услугите подолу за комплетен опис и цени.
АЈУРВЕДА МАСАЖА
Традиционална индиска длабока релаксирачка масажа која се изведува по специјален протокол. Ги потхранува ткивата и клетките, ја ослободува напнатоста во мускулите, поттикнува хранење на нервниот систем и ослободување на мислите.
70 мин./ 1900 ден.
РОМАНТИЧЕН РИТУАЛ
Ако сакате интимна атмосфера и време само за вас двајцата, романтичниот ритуал е вистинското нешто што треба да го изберете. Ритуалот започнува со џакузи и соодветен чај којшто дополнително ќе ве опушти и потоа продолжува со масажа за двајцата, извршени од вештите раце на нашите специјалисти.
120 мин./ 3500 ден.
РОМАНТИЧЕН РИТУАЛ 2
Овој ритуал е со посебна романтична декорација на просторот и ве послужуваме со вино и чоколади. Ритуалот продолжува со масажа за двајцата, извршени од вештите раце на нашите специјалисти.
120 мин./ 4000 ден.
ЛОМИ ЛОМИ – ЕГЗОТИЧЕН РИТУАЛ
Ломи ломи е хавајска масажа со неа се постигнува полна релаксација на мозокот, за да може комплетно да се опуштите и да уживате 50 минути додека истовремено се масираат две различни зони на телото на пример: раце и грб или грб и нозе, целта е да се збуни мозокот за да може да престане со процесот на мислење и да се посвети само на чувството создадено од допирот на терапевтот. После тоа ритуалот продолжува со масажа на лице, каде што се зголемува протокот на крв и така се намалува можноста за создавање на брчки и истовремено се чувствувате како да лебдите. Ритуалот завршува со рефлексотерапија на стапалата , после долгиот изморувачки ден , ние ќе се погрижиме за 100 минути да избегате со мислите далеку од секојдневната реалност.
50 мин./ 2000 ден.
ВИП РОМАНТИЧЕН РИТУАЛ
Целиот спа простор ќе биде изнајмен само од вас за повеќе од два часа, каде што ќе почувствувате една интимна атмосфера и ќе може да се опуштите во сауна, парна бања и џакузи, каде што ќе бидете изненадени од магичната романтична декорација, пропратена со шише шампањ или вино и овошје и чоколади. Крајот на прекрасното патување ќе биде крунисан со арома масажа за двајцата.
150 мин./ 4500 ден.
ХАНЈА РИТУАЛ
Ритуалот започнува со слатко солен пилинг на цело тело, потоа следува ритуална ханја масажа за балансирање на енергијата во Вашето тело и ум и завршува со специјален третман на лице.
120 мин./ 2000 ден.
САКАТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ?
Edem Wellness нуди разновидни услуги. Кликнете на копчето подолу за да добиете целосни информации и цени.
Контакт